Убаво и сончево време не очекува викендов за трките од македонскиот отворен шампионат во ендуро кои ќе се возат крај спортскиот аеродром Стенковец во Скопје.

293300 10150432853355330 1805524309 n

Убаво и сончево време не очекува викендов за трките од македонскиот отворен шампионат во Ендуро кои ќе се возат крај спортскиот аеродром Стенковец во Скопје.

Технички организатор на трката е МК Александар од Скопје, а планирани се трки во класите Е1, Е2, Е3 и Т според следниот распоред:

САБОТА, 26.10.2013
09:00 – 11:00 Верификација и Технички преглед
11:30 Брифинг со натпреварувачите
11:40 Свечено отворање
12:00 Натпревар – 1. ден

НЕДЕЛА, 27.10.2013
09:30 Брифинг со натпреварувачите
10:00 Натпревар – 2. ден
14:00 Прогласување

Ова е втора рунда (првите две трки се возеа во Куратица, Охрид) во четвртата сезона колку што се организира ендуро шампионатот во Македонија. Ова е можеби последниот топол викенд во сезоната, затоа не заборавајте утре и задутре да дојдете на патеката крај Стенковец и да им дадете поддршка на нашите натпреварувачи во Ендуро.

Back To Top